1 - Ја миксира целата храна за 60 секунди

progression_juice

Придобивки од Vitamix® интегралниот сок од природна храна
Vitamix® интегралниот сок од природна храна, ги вклучува и сокот и растителните влакна од свежото овошје и зеленчук. Едноставно, ставете ја суровата, природна храна во садот Vitamix®. Потоа вклучете ја машината. Само за една минута ќе уживате во свеж сок, богат со витамини, растителни влакна и значајните фитохемикалии.
Vitamix® интегралниот сок од природна храна, е вкусен за пиење, затоа што Vitamix® Супер 5200 ги раскинува растителните влакна од овошјето и зеленчукот на мали микроскопски честички и се добива повеќе сок. Тајната е во брзиот мотор со 2 коњски сили, прилагодената мелница и острите сечила. Природната храна буквално е сомлена до клеточно ниво, па така сите драгоцени витамини и ензими се достапни за дигестија - со потполна арома и пријатен вкус.

Разликата помеѓу Vitamix® машина и соковник
Vitamix® машината го користи целото овошје и зеленчук за да направи сок, па добивате похранлив сок со помалку производи, со помалa загуба и за помалку време, отколку со користење на соковник. Истражувањата покажаа дека пулпата која соковникот ја отфрла, е похранлива од самиот сок. Vitamix® интегралниот сок од природна храна, ги задржува сомлените растителни влакна во сокот - и не само што може да се пие, тој е и многу вкусен. Здравствените придобивки се уште еден бонус за вас!

2 - Подгответе супа за 4 минути

progression_soup

Ротирачката мелница и острите сечила на Vitamix® Супер 5200 вртат со брзина од 386 км на час и генерираат доволно жештина од триењето за да се зготват 2 литри жешка супа за неколку минути! Скратете го времето на готвење за половина, така што ќе започнете со зовриена вода. Во секој случај, целодневното готвење е нешто што му припаѓа на минатото.
Супите се прават со хранлив свеж зеленчук кој се подготвува без лупење и вадење на семки - со резултати на кои дури и најискусниот готвач ќе аплаудира.
Претпочитате супа со парчиња? Изборот е ваш. Само земете неколку парчиња сварено пилешко месо или мал испечен компир и, додека супата е сѐ уште жешка, вклучете ја менливата брзина 1 за да ги исецкате и измешате дополнителните состојки. Потребни се само неколку секунди - и тоа е одличен начин да се искористат остатоците од минатата вечер!

3 - Смрзнати наслади за 30 секунди

progression_treats

Десертите и ужинките се подготвуваат брзо и лесно во Vitamix® Супер 5200!
Истата акција на сечилата со голема брзина, кои подготвуваат супа, му овозможува на Vitamix® Супер 5200 да направи смрзнати наслади со ниска содржина на масти. Започнете со замрзнато овошје по ваш избор, а моќната мелница и острите сечила ќе ги здробат смрзнатите состојки. Оваа акција, понатаму, ja проширува вкупната површина на смрзнатите состојки. Како што Vitamix® продолжува со обработката со голема брзина, мешавината повторно сама се смрзнува, а вие ќе добиете лесна и слатка смрзната ужинка за неколку секунди!
Направете квалитетни, ледени пијалоци во домашни услови со Vitamix® машината!
Поради нивната брзина и издржливост, Vitamix® машините може да се најдат во многу добро познати ресторани и кафе-барови. Не можете да поверувате колку лесно може да се направи ледено капучино, маргарита и многу повеќе - во вашата сопствена кујна - со Vitamix® Супер 5200.

4 - Меле жито и меси тесто за 5 минути

progression_bread

Почестете се со свеж, домашен леб, секој ден - се прави неверојтно брзо и лесно со Vitamix® машината. Посебниот сад за суво мелење кој се добива со Vitamix® Супер 5200 е специјално дизајниран да ја турка храната, со што претставува подобар избор за суво мелење или месење на лепливо тесто.
Садот за суво мелење на Vitamix® Супер 5200 меле жито, ориз или било кои други интегрални зрна со што се добива ултрафино брашно за само 60 секунди. Брашното од Vitamix® Супер 5200 е многу пофино сомлено, за разлика од различните видови кои се наоѓаат во продавница, и од него, во вашата машина за леб, може да направите свеж и хранлив леб. Или, доколку претпочитате сами да испечете леб во рерна, додадете масло, квасец и други состојки - и Vitamix® Супер 5200, сето тоа ќе го измеша и ќе го измеси во тесто - во истиот сад! Вашите раце ќе останат чисти и суви, а тестото ќе биде готово за 5 минути!