Квалитетен издржлив сад од 2 л.
Садот направен од Eastman Tritan™ кополиестер е практично некршлив, хемиски отпорен и не содржи бисфенол А. Овој проѕирен сад ви овозможува да ја надгледувате обработката од почеток до крај. Изгравиран е со растечка градација во милилитри (до 2000мл), така што ќе можете лесно да ги мерите состојките при спремањето.


Сечила од не’рѓосувачки челик
Цврстите сечила од не’рѓосувачки челик со површини за мелење и сечење, се способни да ја раскинат клеточната структура на храната со што ги ослободуваат сите хранливи состојки што возможува беспрекорни резултати и прекрасен вкус на сокот исполнет со хранливост. да ги скршат коцките мраз ставени во садот, Конструкцијата на основата на садот е изработена од метал (не гума или пластика) за да овозможи максимална истрајност и долгорочна употреба.


Цврста основа
Речиси е неуништива. Материјалот од кој е направена основата е ABS пластика отпорна на оган, која нема да избледи или да стане кршлива со текот на времето.
Достапни бои се бела, црна, црвена и инокс, 
со новото Vitamix лого.


Уникатна рачка - Tamper
за екстремно моќна обработка
Рачката ви овозможува да ги измиксирате цврстите, замрзнати или густи состојки кои другите блендери ги доведува до застој.
Потребно е само да го отстранете помошното капаче за да рачката ја користите сосема безбедно додека работи машината. Таа е специјално дизајнирана така што не може да ги допре сечилата за време на обработката.


Патентиран капак со отвор
Помошното капаче од Eastman Tritan™ кополиестер е обележано со скала до 60мл и овозможува состојките да се додаваат низ отворот додека трае обработката. Новиот механизам за негово притегнување на еластичниот капак ви овозможува  тоа да
го направите сосема безбедно и лесно.


Мека еластична дршка
Дизајнирана е за практична употреба, овозможува удобност и контрола на садот
кој може да тежи и до 2л. кога е полн.


Ексклузивен дизајн на садот од 2л.
Создава моќен вртлог кој ги вовлекува состојките кон сечилата за да овозможи постојана и целосна обработка.

Потенциометар со менлива брзина
Со помош на потенциометарот и копчето за голема брзина се постигнуваат брзини на сечилата од 18 до 386 км на час, што овозможува избор и реализација на широк спектар можности за подготовка на храна.

Основа со мотор
Моторот е произведен во Шведска, работи на 220V / 50 Hz, има моќност од 1200W, односно
2 коњски сили. Со високи перформанси и со непрекинато ладење, тој ги движи сечилата
за постигнување доследни резултати. Термичката  и струјната заштита на моторот обезбедуваат негово автоматското исклучување. Осовината е поставена на лагер за да се обезбеди ниско триење, со што моторот е направен да трае доживотно. 
Димензии на уредот со поставен сад од 2л.: Висина: 52 см.
Длабочина: 22.25 см.
Ширина: 18.5 см.
Тежина: 4.95 кг.