Сите резервни делови се на лагер во нашиот сервис и истите ви се достапни во секое враме. Но, во скоро сите случаи, потребата од нив се јавува само ако во малку веројатен случај нешто неочекувано му се случи на вашиот Vitamix, односно доколку нешто неправилно се ракува со него. Со негова нормална употреба, според упатството и препораките, тој работи сосема нормално и беспрекорно ги извршува барањата и задачите.

Ве молиме не се чувствувајте непријатно ако случајно сте ја оштетиле рачката или пак сте заборавиле метална лажица во садот, и заради тоа имате потреба од некој резервен дел или друг додаток. Ние ви стоиме на располагање во секое време.

Бидете сигурни дека нема да бидете први!