Во раните 20-ти од минатиот век, основачот на Vitamix, В. Г. Бернард беше самоук трговец на „модерни“ апарати за домаќинство. Во 1937 година, тој претставил потполно нов производ во неговата линија – блендер. Тоа била првата Vitamix машина.

Кога телевизијата дебитираше во 1949 година, неговиот син Бил веднаш го препозна овој нов медиум како совршен начин за В. Г. („Папа“) за да ја демонстрира новата и подобрена Vitamix машина до стотици домаќинства во исто време. Тој закажал 30-минутен отсечок на WEWS-TV во Кливленд и ја создал првата реклама со директен одговор. Оваа реклама, која се прикажувала неколку години на многу пазари, го направи блендерот семеен избор за многу семејства. Копија од оваа прва долга ТВ-реклама зазема посебно место во архивата на Асоцијацијата за директен маркетинг.

Денес, Vitamix е во овој бизнис скоро 90 години и продолжува да расте. Многу работи се изменија, но исто така и многу работи останаа исти. Нови производи се претставуваат скоро секоја година, но секој продукт од Vitamix, независно дали е комерцијален или домашен, сè уште се прават во седиштето во Кливленд, Охајо. Vitamix сè уште е во сопственост и е управуван од истото семејство и компанијата е сè уште цврсто фокусирана на важноста за квалитетот и службата на корисниците.

Во 2009 година, Џоди (Бернард) Берг стана претседател на Vitamix, а Џон Бернард ја зазеде улогата на извршен претседател и главен извршен директор. Под водство на Џоди и Џон, Vitamix ќе продложи да им дава на потрошувачите и партнерите опрема од највисок квалитет, а во исто време зачувувајќи ги вистинските традиционални вредности и наследство на Vitamix.

Vitamix ќе ја продолжи својата вистинска мисија:

Да биде компанија за најдобриот блендер во светот.