Добар за вашето здравје и за вашиот џеб!

Вашата Vitamix машина ќе ви помогне да зачувате храна и пари!

Немате потреба да купувате скапи додатоци во исхраната затоа што ќе ги добиете сите потребни хранливи материи од природните сокови направени во вашата Vitamix машина. Со помош на Vitamix нема да го фрлате поголемиот дел од овошјето и зеленчукот, бидејќи ќе направите прекрасни вкусни сокови од целиот плод, вклучувајќи ја тука и пулпата и семенките.

Ќе бидете поздрави, па помала ќе биде веројатноста да плаќате за лекарски рецепти и други здравствени производи.

Тој е единствениот кујнски уред кој ви е потребен, па нема да трошите пари на индивидуални миксери, блендери и соковници – едноставно платете еднаш за вашата Vitamix машина, а чувствувајте ги придобивките цел живот. Тоа претставува животна инвестиција за вас и вашето семејство.

 

Крај за скапите додатоци на исхрана!

Оброците кои ги јадеме се наменети да ни ги обезбедат сите хранливи материи кои се потребни на телото за да остане здраво и правилно да функционира. Сепак, многу од тоа што го отфрламе од свежото овошје и зеленчук содржи највисока концентрација на витамини, минерали и други нутритиенти. Затоа, на крај земаме скапи додатоци во исхраната за да ги компензираме значајните хранливи материи кои ги отфрламе.

 

Не фрлајте 70% од вашата храна!

За разлика од соковниците - кои отфрлаат скоро 70% од нутритивните придобивки (и од потрошените пари), со Vitamix машината скоро и да немате отпад. Тој без никаков проблем ги обработува целите плодови од зеленчукот и овошјето, заедно со пулпата и семенките. На пример, пулпата, семките и лушпата од јаболкото обезбедуваат висок процент од нутритивните придобивки од овошјето.

Со таквиот начин на обработка се обезбедува комплетен нутритивен профил за потребите на организмот, вклучувајќи ги растителните влакна, витамините, минералите, антиоксидансите и ензимите. Затоа не фрлајте ги пулпата и семенките, туку искористете ги сите непроценливи хранливи материи кои се содржат во нив.

Vitamix машината е единствениот кујнски уред кој ги раскинува клеточните ѕидови од секоја храна, за да обезбеди потполни придобивки од нутриентите во природниот сок.

 

5 начини да заштедите храна и пари

  1. Направете „брза“ супа – одличен начин да искористите сè што „мора да си оди“ од фрижидерот. Ставете го зговеното пилешко месо, зрелиот зеленчук или дури остатоците од минатата вечер во вашата Vitamix® машина.
  2. Купете презреано овошје или зеленчук по спогодбена цена – тие се совршени за вкусни, хранливи, природни густи сокови.
  3. Пасирајте го овошјето и зеленчукот за најдобра бебешка храна – без адитиви и конзерванси, а многу поефтина од алтернативите купени во продавница.
  4. Импресионирајте ги гостите со капучино со ресторански квалитет, ледено кафе или густи сокови со многу мал трошок.
  5. Направете прекрасен овошен сладолед и свежи овошни сирупи со Vitamix® – сите со ниска масленост и мала цена.

Споредете ги трошоците со Vitamix® за вашите омилени оброци:

Сладолед

Сладолед

Густ сок

Густ сок

Супа

Супа